Од што се состои практичната обука
Практичната обука за „А1“, „А2“ и „А“ категорија се состои од 16 наставни часа. Наставниот план и програма за спроведување на обуката, предвидува најмалку четири наставни часа на автодром-полигон и 12 наставни часа на пат надвор и во населено место. Спроведувањето на практичната обука се изведува од страна на возач-инструктор.
Почетното оспособување на полигон служи кандидатот да се запознае со основните карактеристики на возилото (мотоциклот), главните уреди на возилото, како и светлосно-сигналните уреди на инструмент таблата. Преку полигонските вежби, кандидатот се стекнува со техниката на управувањето со мотицклот, начинот на држење на телото за оддржување стабилност и правец при движење со возилото. Доколку инструкторот процени дека на кандидатот не му се доволни четири н/ч, може и повеќе часови да се посвети внимание на полигон.
Обуката за мотоцикли е специфична, поради тоа што инструкторот не може постојано да биде покрај кандидатот и да го спаси од несакана ситуација, доколку изгуби контрола над возилото. Затоа за овој тип на обука потребна е трпеливост, внимателно и со мала брзина кандидатите да управуваат со мотоциклот. Искуството и знаењето на инструкторот се многу битен фактор за кандидатот- почетник да се стекне со неопходната сигурност и потребното знаење за управување со мотоцикл од наведените категории.
Обуката во град се изведува со претходно инсталирана аудио опрема каде што кандидатот е на мотоциклот, а инструкторот зад него и со автомобил го следи и му дава понатамошни инструкции. Пред почетокот на часот, треба убаво да се провери врската, дали кандидатот и инструкторот добро се разбираат преку аудио опремата. Умешност на инструкторот е да ја прилагоди темата за обука спрема степенот на подготвеност, која што е индивидуална за секој кандидат. Тука особено доаѓа до израз искуството на инструкторот при воведување на кандидатот во решавање на ситуации на патишта со послаб кон поинтензивен сообраќај. Потребна е целосна концентрација и претпазливост во текот на целиот час, при што безбедноста на кандидатот е на прво место.
Обуката во нашата држава моментално се изведува само на мотоцикли со мануелен менувач. Имајки во предвид дека се работи за кандидати за возачи, особено е важен изборот на мотоциклот за оспособување. Мотоциклот треба да биде редовно сервисиран, со постојан надзор и контрола на исправност на основните уреди, снабден со квалитетни пневматици, да поседува ABS сопирачки ... Сите овие работи му овозможуваат на кандидатот полесна и безбедна обука во автошколата.
- За жал, според законот сеуште немаме можност за обука и полагање со автоматски менувач.
Обуката во автошкола е доста обемна и доколку се изведе квалитетно, секој кандидат за возач, па и доколку е почетник кој што првпат седнува на мотоцикл, може да стекне доволно знаење и вештина за самостојно да управува со било кој мотоцикл од категоријата, што ја полага.
Со кои проблеми најчесто се соочуваат кандидатите за возачи :
- На почетните часови оддржување на рамнотежа и баланс на телото со мотоциклот
- Тежината на мотоциклите и паѓање при застанување
- Нагло отпуштање на кумплугот и гаснење на мотоциклот
- Кочење само со предна сопирачка (да се совлада техниката на кочење)
Полагањето на практичниот дел за „А1“, „А2“ и „А“ категорија е една целина и се состои од прв и втор практичен дел (полигон и град). Доколку кандидатот положи полигон, ама не успее градска, за наредното полагање треба пак да полага полигон.
Полагање градска:
Полагањето за „А1“, „А2“ и „А“ категорија се одвива претежно во општина Аеродром. Се смета дека кандидатот го положил возачкиот испит, доколку во временски интервал од 25 до 40 минути кандидатот ја увери комисијата, дека го поседува потребното знаење за управување со возило од таа категорија. Полагањето се одвива на исти начин како и обуката (аудио опрема).
* http://www.avtoskolamartin.mk/a-kategorija/
* http://www.avtoskolamartin.mk/a2-kategorija/