Обука за АМ категорија во автошкола Мартин

Во категорија „АМ“ спаѓаат мопеди, мотокултиватор, односно возила на две или три тркала со максимална брзина која не надминува 45 km/h и лесни четирицикли. 

Возач-почетник на моторно возило, не смее да управува возило во патниот сообраќај во времето од 23 часот до 5 часот.

Услови за полагање за АМ категорија:
  • лична карта
  • лекарско уверение наменето за АМ категорија
  • согласност од родителите за оспособување
  • прва помош
  • да има завршено најмалку основно образование
  • навршени 16 години 
 
Обука во автошкола:
  • Оспособувањето во автошколата се состои само од теоретска настава 
  • 12 наставни часа теоретска настава
  • теоретската настава се оддржува во простоиите на автошколата
  • теоретската настава трае три дена

Испит за АМ категорија:
 
  • Полагањето на возачка дозвола за АМ категорија се извршува во овластен испитен центар.
  • Полагањето се состои само од теоретски дел.

По положувањето на теоретскиот дел кандидатот добива возачка дозвола за АМ категорија.