Најчести грешки за време на полагање 2 (Обиколување)


Обиколување (општи правила, начин, техника и забрана)

 

✅ Обиколување е возење покрај запрено или паркирано возило или друг објект што се наоѓа на сообраќајната лента по која се движи возилото

✅ Обиколувањето се изведува од лева страна, освен во одредени околности каде може и од лева и десна страна (во услови на еднонасочен сообраќај)



 
👉  Возачот смее да изведе обиколување доколку не ги загрозува другите учесници во сообраќајот. При тоа треба да обрне внимание на, карактеристиките на патот, сообраќајната ситуација на патот и техничката состојба на возилото дали има доволно простор за безбедно обиколување и враќање во својата лента.
 
✋ Кога нема услови за безбедно обиколување мораме да застанеме во нашата сообраќајна лента и чекаме ситуација за безбедно обиколување.
 







 

Техника на правилно обиколување:

Кога се приближуваме до пречката на патот потребно е:

1. Да ја намалиме брзината
2. Да го вклучиме левиот трепкач
3. Да се доближиме блиску до средишната линија (испрекината или полна)
4. Да провериме дали од спротивната насока наидува возило
5. Да погледнеме во возачките огледала и „мртвиот агол“ дали некој веќе отпочнал да не престигнува
6. Доколку е безбедно одпочнуваме со обиколување и оставаме доволно странично растојание од пречката
7. Се враќаме во сообраќајната лента во која сме се движеле претходно

✅ Дозволено е обиколување на пречката на патот и преминување со возилото преку полна надолжна линија, само доколку не пречиме на возилата што се движат од спротивната насока и има доволно простор за изведување на ова дејствие.







 

Кога не смееме да обиколуваме !!! ✋

Забрането е обиколување во случаи кога ја загрозуваме безбедноста во сообраќајот или загрозуваме сообраќај од спротивната насока во следните ситуации:

1. Кога имаме возило од спротивна насока
2. Кога некој веќе одпочнал да не престигнува
3. Кога возилото пред нас е застанато да пропушта пешаци или друго возило.

 При секое обиколување односно менување на правец со возилото задолжително се вклучува трепкач.

Tимот на avtoskola Martin ви помага полесно да се справите со потешкотиите при полагање


👉 При обиколување на пречка на патот секогаш треба да го вклучуваме левиот трепкач!


 

Поврзани блог статии