Успешно положени задолжителни лиценци на сите инструктори

Автошкола Мартин може да се пофали со успешно положени задолжителни лиценци на сите инструктори.

Задолжителните лиценци за инструктори се дел од измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се со цел зголемување на квалитетот на обуката и испитувањето на кандидатите за возачи, како и утврдување на индивидуална одговорност при евентуално незаконско постапување.
Оваа одлука се однесува за кадрите како што се возач-инструктор, предавач, стручен раководител, членови на испитна комисија, контролор како и раководител на испитен центар.