-
30.01.2019
-
Сообраќаен информатор
На крстосница каде сообраќајот е регулиран со светлосни сообраќајни уреди, возачот е должен да постапува според светлосните знаци, кои се вклучуваат по пропишан редослед на семафорот.
- Дали сте забележале кое светло ќе се вклучи, кога на семафорот (како на сликата) имаме жолт непрекинат светлосен сигнал? Црвено или зелено светло?
Одговор: Кога на семафорот е вклучено жолто постојано светло, тогаш имаме забрането минување низ крстосницата. Освен во случај, кога при вклучување на жолтото светло, се наоѓате со возилото непосредно пред семафорот на таква оддалеченост од крстосницата од која не можете безбедно да запрете пред пешачкиот премин, линијата за запирање, работ на крстосницата ...
Значи, по жолтото светло, на семафорот се вклучува црвено светло.
Зеленото светло на семафорот, се вклучува после црвено и жолто светло кои истовремено светат 2-3 секунди, како подготовка за тргнување.
- Зошто распоредот на боите на семафорот е стандарден во сите земји, црвено, жолто, зелено...
Одговор: Распоредот на боите на семафорот е стандарден во цел свет, по редослед црвено, жолто, зелено за да можат да учествуваат во сообраќај и лицата кои не ги разликуваат боите (далтонисти). Тие ги идентификуваат боите и се снаоѓаат, според местоположба на светлата на семафорот.
Поврзани блог статии