Крстосница е сообраќајна површина, на која се крстосуваат или соединуваат два или повеќе јавни патишта. Статистиката покажува дека, најмногу сообраќајни незгоди се случуваат токму на крстосниците.
На мал простор, истовремено се наоѓаат поголем број на учесници во сообраќајот: возачи на лесни и тешки товарни возила, мотоциклисти, велосипедисти, пешаци, чии правци на движење се сечат или составуваат. На тој мал простор се изведуваат и различни дејствија: запирање, тргнување, свртување, забрзување, нагло намалување на брзината итн.
Решавањето на овие сложени сообраќајни ситуации ќе зависи од познавањето и почитувањето на сообраќајните правила и прописи, но и меѓусебната толеранција помеѓу учесниците во сообраќајот.
На сликата е прикажана крстосница, на која сообраќајот се одвива според поставените сообраќајни знаци.
Размислете како се постапува на овие крстосници и по кој редослед ќе поминат возачите на моторните возила.
Одговорот може да го видите на следниот линк:
http://www.avtoskolamartin.mk/blog-odgovor/