Дознајте што значат ознаките на гумите?

Името на производителот, големина и ширина на гумата, носивоста која може да ја издржи, максималната брзина, годината на производство и други работи може да ги дознаете од ознаките на гумата.

Секоја гума на страничниот дел има ознаки кои можат да ви кажат се за карактеристиките на гумите. Ако знаете која ознака што претставува, многу лесно можете да одредите која гума ви одговара, без дополнителни консултации со продавачот. Во следните примери ќе ги објасниме сите ознаки на страничниот дел на гумата.


Број 1. Името на произведителот

Број 2Име на моделот на гумата

Број 3.  205/55 R16 (димензии на гумата)

205 ја означува ширината на гумата изразена во милиметри, 55 е однос помеѓу ширината и висината изразена во проценти. Во овој пример висината е :  55% од 205 = 112.75 mm.

R е радијална конструкција на пневматикот  и  16 го преставува пречникот на бандажот, кој и одговара на гумата и е изразен во инчи.

Број 4.  93V (Носивост и брзина на гумите)

 

Носивост на гумите: Бројот 93 означува која е максималната оптовареност што може една гума да издржи. Во овој случај гумата може да издржи 650kg. Во следната табела може да видите кој број на индекс колку може да издржи.

индекс

kg

индекс

kg

71

345

91

615

72

355

92

630

73

365

93

650

74

375

94

670

75

387

95

690

76

400

96

710

77

412

97

730

78

425

98

750

79

437

99

775

80

450

100

800

81

462

101

825

82

475

102

850

83

487

103

875

84

500

104

900

85

515

105

925

86

530

106

950

87

545

107

975

88

560

108

1000

89

580

109

1030

90

600

110

1060

 

Индекс на брзина : Ознаката V ја означува максималната брзина што може гумата да ја издржи при дозволено оптеретување, во овој случај  240km/h. Во следната табела може да видите која ознака на која брзина одговара.

Индекс

km/h

индекс

km/h

N
150 H
210
Q
160
V
240
R
170
W
270
S
180
Y
300
T
190
YR 240
U
200
   

 

Број 5. Tubeless

 
Гумата е  tubeless, може да се вози и без внатрешна гума. Ако наместо  TUBELESS  стои ознака TUBE TYPE тогаш мора да се монтира внатрешна гума.

Број 6.   E22 025596  е хомологациска ознака

 
Е22 ја означува земјата во која е извршено хомолагациското одобрение според  ЕСЕ регулативи, во овој пример  Е22 ја претставува  Русија  , а 025596 е одобрен хомологациски број.

код

земја

код

земја

Е1

ГЕРМАНИЈА

Е21

ПОРТУГАЛИЈА

Е2

ФРАНЦИЈА

Е22

РУСИЈА

Е3

ИТАЛИЈА

Е23

ГРЦИЈА

Е4

ХОЛАНДИЈА

Е24

ИРСКА

Е5

ШВЕДСКА

Е25

ХРВАТСКА

Е6

БЕЛГИЈА

Е26

СЛОВЕНИЈА

Е7

УНГАРИЈА

Е27

СЛОВАЧКА

Е8

ЧЕШКА

Е28

БЕЛОРУСИЈА

Е9

ШПАНИЈА

Е29

ЕСТОНИЈА

Е10

ЈУГОСЛАВИЈА

Е31

БиХ

Е11

АНГЛИЈА

Е32

ЛАТВИЈА

Е12

АВСТРИЈА

Е34

БУГАРИЈА

Е13

ЛУКСЕМБУРГ

Е37

ТУРЦИЈА

Е14

ШВАЈЦАРИЈА

Е40

МАКЕДОНИЈА

Е16

НОРВЕШКА

Е43

ЈАПОНИЈА

Е17

ФИНСКА

Е45

АВСТРАЛИЈА

Е18

ДАНСКА

Е46

УКРАИНА

Е19

РОМАНИЈА

Е47

ЈУЖНА АФРИКА

Е20

ПОЛСКА

Е48

НОВ ЗЕЛАНД

 

Број 7. М+S

М+S  ознака која се сретнува кај зимските гуми означува дека гумата е констуирана за употреба во зимски услови, M = mud што значи кал, и S = snow што значи снег. Вакава ознака имаат и гумите кои се наменети за употреба во текот на сите 4 годишни времиња таканаречените  ALL SEASON гуми, но дополнително кај нив, наместо „ снегулка“ има четири симболи кои асоцираат на четирите годишни времиња.
 

Број 8. Година на производство (DOT 1410)

 
 DOT 1410  – Го означува датумот на производство на гумата и е изразен во следната форма:
Во наведениов пример  14 означува дека е произведена  14-та недела од  (10)  2010 година.
 

Број 9. TWI (индикатор на потрошеност на шарата на  гумата) – покажува кога гумата треба да биде сменета
 

“Run-Flat” гуми

Овие гуми се дизајнирани да не го испуштаат воздухот, доколку се дупнат. Со тоа, овозможуваат возење со ограничена максимална брзина (до 90km/h), на растојание од 150 km до 300 km, во зависност од квалитетот и видот на гумата