Редослед на минување:   3 - 2 - 1
Одговор на дадениот пример на крстосница на пат со првенство на минување со спореден пат: 3 2 1
 
Возачите на возилата, кои се движат на споредниот пат се должни да ги пропуштат возилата кои се движат на патот со првенство на минување (главен пат). Во однос на меѓусебното пропуштање на возилата кои се движат на споредниот пат (возилата со број 1 и број 2), возачите се должни да постапуваат согласно одредбите во ЗБСП од член 41 став (2) за првенство на минување на крстосница.
Возачот на возилото кој на крстосницата свртува налево е должен да го пропушти возилото кое доаѓајки од спротивната насока, на крстосницата го задржува правецот на своето движење или свртува надесно. (Освен во случај, кога сообраќајниот знак е со дополнителна табла „положба или простирање на патот со првенство на минување“).
Бидејки возачката дозвола не ја користиме само на територија на Република Македонија, како поткрепа, во прилог на одговорот објавуваме и по еден пример од учебниците во Р.Словенија и Р.Србија со објаснување како се постапува кај посочениве знаци на крстосница.
Превод од Словенија:
Прв поминува на крстосницата возачот на црвениот патнички автомобил, втор јас (возачот на синото возило) од кај знакот „СТОП“ и последен е возачот на жолтото возило (кој има знак свртен триаголник).
Превод од Србија:
Запаметете: Знакот „одстапување на првенство на минување“ и знакот „задолжително запирање“ во однос на меѓусебно пропуштање се еднакви (рамноправни).

Поздрав од тимот на автошкола Мартин - Скопје