ВОЗИЛА КОИ СПАЃААТ ВО ОВАА КАТЕГОРИЈА
Во категорија „АМ“ спаѓаат мопеди, мотокултиватор, односно возила на две или три тркала со максимална брзина која не надминува 45 km/h и лесни четирицикли.
Возач-почетник на моторно возило, не смее да управува возило во патниот сообраќај во времето од 23 часот до 5 часот.
ОБУКА
Оспособувањето во автошколата се состои само од теоретска настава
- 12 наставни часа теоретска настава
- теоретската настава се оддржува во простоиите на автошколата
- теоретската настава трае три дена
|
|
|
УСЛОВИ ЗА ПОЧНУВАЊЕ СО ОБУКА
- лична карта
- лекарско уверение наменето за АМ категорија
- согласност од родителите за оспособување
- прва помош
- да има завршено најмалку основно образование
- навршени 16 години
|
ИСПИТ
Испитиот за AM категорија се состои само од теоретски дел
- Тестовите за АМ категорија може да ги најдете на веб страната на АШ Мартин во делот Е-тест
|
Цена на обуката - 4,000 денари
За повеќе информации околу можностите за финансирање, контактирајте го Мартин на 071 251 259