social imagesocial image

УСЛОВИ И ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ СО ОБУКА

 
  • лична карта / пасош
  • лекарско уверение  за “А“ категорија
  • навршени 23 години и шест месеци возраст
  • завршено најмалку основно образование

ВОЗИЛО ЗА ОБУКА И ПОЛАГАЊЕ

KAWASAKI Z 650cc  2021 г.




KAWASAKI ER6N 650cc  2016 г.


Мотоцикл со работна зафатнина на моторот од 650 ccm и 53 kw, најдобар во својата категорија за совладување на практичниот дел.

Идеален за сите физички предиспозиции на кандидатите за возачи. Лесно се управува и е погоден за совладување на полигонските вежби за полагање на возачкиот испит. Особено е добар за кандидати кои првпат седнуваат на мотоцикл (почетници).
ИНСТРУКТОР
МАРТИН ТРАЈАНОВСКИ
- Инструктор за А, A2, Б, Ц, ЦЕ и Д категорија
- Над десет години искуство во обука за возачи
ИНСТРУКТОР
БОРКО ГРКОВСКИ
- Инструктор за А, A2, Б и Ц  категорија
- Над 12 години искуство во обука за возачи
ИНСТРУКТОР
СТЕФАН ТРАЈАНОВСКИ
- Инструктор за А, A2, Б, Ц, ЦЕ и Д категорија
- Над шест години искуство во обука за возачи
ВИДЕО ОД ПОЛИГОН
- тука може да ги погледнете вежбите што се полагаат на полигон

ОБУКА

Оспособувањето во автошколата се состои од теоретска настава и практична настава (обука)
Теоретска настава
  • 16 наставни часа теоретска настава
  • четири  наставни часа доколку кандидатот има “Б“ категорија
  • теоретската настава се одржува во училница во автошколата
  • теоретската настава се изведува вкупно четири дена односно еден ден доколку има “Б“ категорија
Практична настава
  • 16 наставни часа обука
  • дневно се оддржуваат по два наставни часа
  • обуката се изведува вкупно осум дена
Времетраење на испит
  • од 25 минути до 40 минути - градска

ВОЗАЧКИ ИСПИТ

Испитиот за “А“ категорија се состои од теоретски дел (тест) и практичен дел (полигон и градска):
 
  • Доколку кандидатот поседува возачка дозвола од “Б“ категорија не полага теоретски дел, туку само практичен дел.
  • Тестот за “А“ категорија се состои од 28 прашања. Севкупниот фонд за учење изнесува 553 прашања.
  • Полагањето на полигон вклучува две вежби (видео)
  • Полагањето градска започнува од паркингот кај поликлиника  Јане Сандански (Аеродром).
Цена на обуката - 17.500 денари 
За повеќе информации околу можностите за финансирање, контактирајте го Мартин на 071 251 259